Еден од приоритетите на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на нов напаѓач.
Англиските медиуми тврдат дека Солскјер има нова мета, а станува збор за напаѓачот на Бенфика, Карлос Винисиус, за кого клубот од „Олд Трафорд“ планира да издвои 35 милиони фунти ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
25-годишниот напаѓач има четиригодишен договор со Бенфика и откупна клаузула од 88 милиони фунти, но португалскиот клуб е спремен да преговара.
Бразилскиот напаѓач имаше одлична сезона пред паузата, бидејќи на 33 одиграни натпревари постигна дури 20 голови.