Играчот за врска на Монако, Јури Тиелеманс, кој игра како позајмен фудбалер во Лестер, е новата трансфер желба на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.
„Сан“ тврди дека „црвените ѓаволи“ веќе почнале да бараат поливалентен играч за врска поради евентуалното заминување на Пол Погба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
21-годишниот Тиелеманс не се снајде најдобро во Монако, но во јануари пристигна во Премир лигата и покажува солидни партии.
Го привлече вниманието на неколку големи клубови меѓу кои Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Солкјер смета дека Белгиецот ќе биде идеално засилување за неговиот тим бидејќи може да игра на повеќе позиции во средниот ред.
Лестер сака да го откупи Тиелеманс и веќе понуди рекордни 40 милиони евра, за играчот кој на 11 меча во Премиер лигата оваа сезона постигна 3 гола и 5 асистенции.
„Црвените ѓаволи“ наводно веќе стапиле во контакт со неговиот агент кој дал зелено светло за трансферот, па се очекува Јунајтед во следните денови да испрати официјална понуда до Монако.
Лестер ќе има прдност при евентуален откуп, но медиумите тврдат дека самиот фудбалер веќе го избрал Манчестер Јунајтед и преферира преселба на „Олд Трафорд“.
Монако за слободата на белгискиот репрезентативец бара помеѓу 40 и 45 милиони евра, сума која Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати.
https://youtu.be/W1AgwIq9tMs