Добрите партии на Лаутаро Мартинез во последно време го обновија интересот кон него од страна на ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека двата клуба се во потрага по централен напаѓач и ја започнале битката за потписот на Лаутаро.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Аргентинецот одигра одличен меч против Барселона во Лигата на шампиони, па споменатите клубови веднаш го контактирале неговиот агент.
Лаутаро неодамна го продолжи договорот со Интер до 2026 година, па „нероаѕурите“ сигурно нема лесно да го пуштат.
ПСЖ и Јунајтед сепак веруваат дека поради економската ситуација Интер нема да може да одбие понуда од 100 милиони евра, а двата клуба се спремни да ја платат таа сума.