Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед и Интер би можеле наскоро да направат спектакуларна трампа.
Познато е дека „црвените ѓаволи“ се силно заинтересирани за Лаутаро Мартинез, па се спремни во Милано да го испратат Пол Погба за да го добијат потписот на Атргентинецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Погба кој не сака да остане во Јунајтед, нема ништо против повторно да соработува со Антонио Конте кој му беше тренер во Јувентус, а исто така нема ништо против да потпише за најлутиот ривал на Јувентус.
Пол Погба изминатото лето постојано беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид или враќање во Јувентус, но на крајот остана на „Олд Трафорд“ и се уште инсистира да ја промени средината.
„Дејли Мирор“ тврди дека Јунајтед го понудил Погба на Интер но бара во трансферот да биде вклучен Лаутаро Мартинез, кој оваа сезона блеска во дресот на „нероаѕурите“.
Цената на Мартинез во моментов изнесува околу 110 милиони евра, а Манчестер за Погба бара 140 милиони евра.