Манчестер Јунајтед на лето е спремен да направи „бум“ на трансфер пазарот и ќе има голем буџет за трансфери.
„Скај Спорт“ пренесува дека главна мета на „црвените ѓаволи“ е напаѓачот на Тотенхем и англиската репрезентација Хари Кејн.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кејн се уште не ставил потпис на нов договор, па Тотенхем е спремен на лето да слушне понуди за него.
Според „ЕСПН“ Јунајтед ќе се обиде како дел од зделката да го вклучи и голманот Дин Хендерсон, па така да ја намали цената на Кејн.
Тотенхем е во потрага на наследник на голманот Иго Лорис и се заинтересирани за Хендерсон, кој брани одлично на позајмица во Нотингем Форест оваа сезона.
🚨 Man United will offer Dean Henderson to Spurs in a swap deal for Harry Kane.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 23, 2023
(Source: ESPN) pic.twitter.com/moWbGB20vP