Норвешкиот стручњак Оле Гунар Солскјер го воодушеви фудбалскиот свет со своите резултати откако седна на клупата на Манчестер Јунајтед.
Солскјер во Јунајтед пристигна на крајот од декември минатата година и во потполност го препороди тимот. Јунајтед нема пораз во ПЛ од доаѓањето на Норвежанецот и со тоа се вклучија во борба за место кое води во ЛШ следната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челниците на Јунајтед овој тренер го донесоа од Молде како привремено решение и е договорена соработка до крајот на оваа сезона. Сепак, Солскјер сите ги остави без зборови и сигурно дека никој не очекуваше дека Јунајтед ќе доживее ваква трансформација.
Иако се уште не е познато што ќе се случи со Солскјер, веќе почна да се шпекулира за неговата иднина. Имено, Јунајтед наводно донеле одлука Солскјер да остане тренер на Јунајтед и по крајот на сезоната, а официјалната одлука ќе биде соопштена пред крајот на сезоната.
Англиските медиуми пренесуваат дека Јунајтед и Солскјер се договориле, но дека ќе почекаат до крајот на сезоната за официјална потврда. Оле тогаш најверојатно ќе потпише четиригодишен договор.