Пол Погба веќе некое време се поврзува со заминување од Манчестер Јунајтед, меѓутоа тој се уште е член на „црвените ѓаволи“.
Практично скоро и да нема ден англиските медиуми да не го споменат Погба и неговото можно враќање во Торино во редовите на Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Спортскиот директор на „старата дама“ Фабио Партичи веќе работи на трансферот, константно е во контакт со Мино Раиола, но свесен е дека оваа зделка не е лесно да се заврши.
„Дејли Стар“ денес објави информација дека Манчестер Јунајтед донел одлука и оној кој ќе сака да го доведе Погба ќе мора да плати 145 милиони евра. Овој износ после кризата која ја направи пандемијата со коронавирусот тешко дека некој може да го плати.
Освен тоа Погба и не покажа некаков претерано добар фудбал во периодот пред прекинот па затоа не се очекува некој клуб на адреса на „Олд Трафорд“ да испрати ваква понуда.