Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед го претстави Фернандеш: Го засакав клубот поради Роналдо

Манчестер Јунајтед го претстави Фернандеш: Го засакав клубот поради Роналдо

Манчестер Јунајтед денес и официјално го претстави најновото засилување Бруно Фернандеш, кој го даде првото интервју како играч на „црвените ѓаволи“.

Многу клубови ширум Европа беа заинтересирани за Португалецот кој го избра Манчестер Јунајтед бидејќи го засакал клубот уште од времето кога Кристиано Роналдо играше на „Олд Трафорд“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Мојата љубов кон Манчестер Јунајтед вистински почна кога го гледав Кристиано Роналдо како игра и оттогаш сум голем фан на овој огромен клуб. Сега, добивам шанса да играм за Манчестер Јунајтед и работев напорно за овој момент. Можам да ветам на фановите дека ќе дадам се за освојување на трофеи. Голема благодарност до Оле и сите во Манчестер Јунајтед за довербата која ја имаат во мене и едвај чекам да го покажам тоа на теренот“, изјави Фернандеш.

Манчестер Јунајтед за неговиот потпис плати 55 милиони евра плус 25 милиони во име на бонуси, а Фернандеш ќе може да дебитира уште во сабота против Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …