Како што пренесуваат сите релевантни медиуми во Италија, Манчестер Јунајтед се вклучил во битката за потписот на Џошуа Зиркзе.
22-годишиот Зиркезе поникна во академијата на Баерн Минхен, а оваа сезона блеска во дресот на Болоња и го привлече вниманието на многу европски клубови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Милан уште минатата недела постигна договор со играчот и е спремен да ја плати откупната клаузула од 40 милиони евра, па се очекуваше трансферот да се реализира.
Меѓутоа, „росонерите“ не сакаат да платат провизија од 15 милиони евра колку што бара агентот Киа Јорабчијан, па сега во целата ситуација се вклучи Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ почнале преговори со агентот на Холанѓанецот, па може да го украдат пред носот на Милан.
🔴🇳🇱 Manchester United asked for info on Joshua Zirzkee salary, commissions, release clause details last week.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 18, 2024
AC Milan still have an agreement with Zirkzee on contract, planning to pay €40m clause but deal still depends on commissions.
More ↪️ https://t.co/aIu55WVbBY pic.twitter.com/MKN8uODQ3f