Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед ги започна преговорите со Ибрахимовиќ

Манчестер Јунајтед ги започна преговорите со Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ и натаму е без клупски ангажман, откако на крајот на изминатата сезона му истече договорот со Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ одлучија пред два месеци дека нема да му понудат нов договор на шведскиот напаѓач кој во финишот на сезоната се здоби со тешка повреда на коленото. Иако првобитно се мислешее дека закрепнувањето ќе трае осум месеци, на крајот Ибра ги изненади сите, па се верува дека ќе биде подготвен за кам бек на почетокот на октомври.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако лекарскиот тим ги објави позитивните вести за неговото закрепнување, повторно се појавија информациите дека Ибрахимовиќ ќе остане на „Олд Трафорд“. Златан имаше неколку понуди од американската МЛС, но јасно призна дека желбата му е се уште да остане во Европа.

Англиските медиуми објавија денес дека челниците на Јунајтед одлучиле да ги започнат преговорите со Ибрахимовиќ околу новиот договор. „Виновник“ за тоа е Жозе Мурињо кој по тешката повреда говореше како Јунајтед треба да го задржи Ибрахимовиќ без оглед на тоа колку неговото закрепнување ќе трае.

„Зошто да не чекаме ако треба и до крајот на годината? Па тој е фантастичен фудбалер и сигурно би ни се исплатело тоа. Се надевам дека тој ќе остане кај нас и имам добро чувство што се однесува до тоа“, истакна Мурињо пред неколку месеци.

Како што сега стојат работите, неговата желба би можела да се исполни, а преговорите помеѓу двете страни не би требало да траат долго. Сепак, останува да ја почекаме официјалната потврда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…