Англиските медиуми пренесуваат дека Пол Погна донесол конечна одлука и дека по секоја цена сака да го напушти Манчестер Јунајтед.
Наводниот конфликт со Мурињо не е единствен проблем, Погба смета дека Јунајтед „лута“ со играчкиот кадар и дека ќе му треба уште долго време да се бори за најважните трофеи. Притоа Французинот е изморен од константните критики на негова адреса од страна на англиските медиуми.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поради тоа Погба инсистира да замине, а со последната изјава најави дека се може да се случи во следните неколку месеци.
Последните информации од Островот се дека „црвените ѓаволи“ ја започнале потрагата по негов заменик, а на списокот има дури шест имиња.
Прва цел е Сергеј Милинковиќ-Савиќ од Лацио, потоа Ракитиќ од Барселона и Тиаго Алкантара од Баерн Минхен. Цената на овие тројца фудбалери се движи помеѓу 80 и 120 милиони евра.
Се спомнуваат уште Дукуре од Ватфорд кој е вистинско откритие оваа сезона, како и Рабио од ПСЖ. Последно име на списокот е младиот репрезентативец на Франција Ндомбеле од Лион.
Манчестер Јунајтед се припрема на „живот без Погба“, а еден или двајца од споменатите фудбалери сигурно ќе пристигнат на „Олд Трафорд“ како негова замена.