Дома Трансфер зона Манчестер Сити спреми понуда за Дибала

Манчестер Сити спреми понуда за Дибала

Иднината на Пауло Дибала е главна тема бидејќи Аргентинецот може да го напушти Јувентус како слободен агент на лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дибала е мета на многу европски гиганти, а „Газета дело Спорт“ пренесува дека во трката за неговиот потпис се приклучил и Манчестер Сити.

Договорот на Дибала со Јувентус истекува на крајот на сезоната и во моментов преговорите за продолжување на соработката се во застој.

Аргентинецот бара плата од 10 милиони евра по сезона што Јувентус не може да си ја дозволи, па се поизвесно е дека ќе си замине како слободен агент.

Манчестер Сити сака да ја искористи таквата ситуација и да добие големо засилување без обештетување, а „граѓаните“ се спремни да му ги исполнат финансиските барања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…