Дома Фудбал Англија Манчестер Сити спрема нов договор за Стерлинг

Манчестер Сити спрема нов договор за Стерлинг

Челниците на Манчестер Сити планираат да го наградат Рахим Стерлинг со нов договор, пренесуваат странските медиуми.

Англискиот фудбалер постојано прикажува одлични игри во дресот на Манчестер Сити, а од „Етихад“ даваат се од себе за да го задржат во своите редови и веќе подготвуваат нов, подобар договор за него.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Медиумите од Островот тврдат дека доколку двете страни постигнат договор, Стерлинг би заработувал 350.000 фунти неделно и би бил најплатен играч во клупската историја.

„Преговорите меѓу Стерлинг и Манчестер Сити за нов долгорочен договор веќе започнаа“ – се наведува во извештаите на медиумите.

Оваа сезона, Стерлинг постигна 7 голови на 13 натпревари во ПЛ. Пред да дојде на „Етихад“ играше за Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Поранешниот фудбалер на Рома и Милан објави крај на кариерата на 34 години

Поранешниот фудбалер на Рома и Милан, Алесандро Флоренци, одлучи да ја заврши својата кари…