Англискиот репрезентативен голман, Џо Харт оваа сезона ќе ја мине на позајмица во Вест Хем.
Чуварот на мрежата на Манчестер Сити изминатата сезона ја мина на позајмица во Торино, бидејќи тренерот Пеп Гвардиола не смета повеќе на него.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Изминатата сезона беше забавна уживав во Серија А и Торино, но подготвен сум да се вратам во Премиер лигата и се радувам што повторно ќе бидам дел од неа“, истакна Харт за официјалниот сајт на Вест Хем.
Сити прифати ја финансира дел од платата на Харт која изнесува 120.000 евра неделно, пишуваат британските медиуми. Вест Хем има можност на крајот на сезоната да го откупи неговиот договоор.
Харт инаку е дел од Сити од 2006. година. За клубот одигра вкупно 348 натпревари и ја освои Премиер лигата во 2012. и 2014. година.