Дома Трансфер зона Манчестер Сити продаде фудбалер за десет милиони евра во Ла Лига

Манчестер Сити продаде фудбалер за десет милиони евра во Ла Лига

Шпанскиот 23-годишен фудбалер, Серхио Гомез го напушти Манчестер Сити и се пресели во Реал Сосиедад со кој потпиша договор до 2030 година.

Сосиедад за неговите услуги плати сума од десет милиони евра, а Сити ќе добие и 30% од износот од неговиот следен трансфер, објави Фабрицио Романо.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Гомез ќе биде член на репрезентацијата на Шпанија која ќе настапи на Олимписките игри во Париз. Се уште нема деби за сениорската репрезентација која утре ја чека финале на Европското првенство.

За репрезентацијата до 21 година одигра 19 натпревари во кои постигна девет голови.

„Беше чест да се игра, тренира и работи во Манчестер Сити“, изјави Гомез кој игра на позицијата офанзивен играч за врска, но може да се користи и како лево крило.

Освен за Манчестер Сити играше за Борусија Дортмунд и Андерлехт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер повторно доведува бесплатно засилување од Наполи?

Голманот на Наполи, Алекс Мерет би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната. Чувар…