Дома Фудбал Англија Манчестер Сити остана без одбрана, се повреди и Стоунс

Манчестер Сити остана без одбрана, се повреди и Стоунс

Манчестер Сити има сериозни проблеми со повредени играчи во одбраната оваа сезона, а проблемите сега дополнително се зголемија.

Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардила потврди дека повредата на Џон Стоунс е сериозна и тој ќе отсуствува од терените околу пет недели.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова е сериозен удар за англискиот шампион кој неодамна го загуби својот најдобар дефанзивец Емерик Лапорт на подолго време.

Единствен централен дефанзивец со кого располага Гвардиола во моментов е Отаменди, па многу веројатно дека Фернандињо ќе биде преместен во одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Озбилен хакерски напад врз Ајакс, загрозени лични податоци на членовите

Во неодамнешниот хакерски напад врз Ајакс, откриени се лични податоци на стотици илјади ре…