Шпанските медиуми пренесуваат дека Садио Мане сериозно размислува да го напушти Ливерпул на крајот на сезоната.
Сенегалецот со голем успех го носи дресот на Ливерпул, но сака нов предизвик во кариерата и можно е на лето да побара трансфер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На Мане му истекува договорот со клубот од „Енфилд“ во јуни 2023 година, а шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона будно ја следат ситуацијата.
Токму овие два клуба се голема желба на Мане и доколку го напушти Ливерпул сака да се пресели во Шпанија.
Од друга страна доколку Мане не го продолжи договорот Ливерпул на лето ќе биде приморан да ги разгледува понудите за негова продажба.