Сенегал во натпревар од 3. коло во група Ц на Афричкиот куп на нации ја совлада Кенија со високи 3:0.
Пред почетокот на натпреварот Сенегал беше фаворит, а во текот на натпреварот покажа и зошто.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во 22. минута М’баје ја имаше првата голема шанса, но голманот на Кенија со крајни напори успеа да го одбрани неговиот шут.
Седум минути подоцна Сенегал доби пенал, а Садио Мане ја зема топката и шутираше, но голманот и овој шут успеа да го одбрани.
Сенегал после тоа имаше уште неколку шанси, но резултатот до полувремето остана непроменет.
Продолжението донесе иста слика на теренот, Сенегал напаѓаше и во 63. минута конечно стигна до водство кога Исмаил Сар постигна гол за 1:0.
Во 71. минута Кенија изведе корнер, а играчите на Сенегал ја избија топката кон центарот каде се наоѓаше Садио Мане, кој истрча во контра и беше сигурен во завршницата за 2:0.
Мане седум минути подоцна беше прецизен од белата точка за конечни 3:0. Сенегал со победата успеа да избори пласман во следната рунда.
Во вториот натпревар во оваа група Алжир ја совлада Танзанија со 3:0 и со три победи го освои првото место во групата.