Дома Фудбал Репрезентации Малта го објави списокот на фудбалери со кои ќе гостува во Скопје

Малта го објави списокот на фудбалери со кои ќе гостува во Скопје

Maкедонија на 23-ти март со натпревар на домашен терен ги започнува квалидикациите за Европското првенство во 2024 година.

Прв противник на Македонија ќе биде аутсајдерот во групата, Малта. Македонскиот селектор, Благоја Милевски се уште не го објавил списокот за овој дуел, додека противникот веќе тоа го направи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На списокот на селекторот на Малта, Мишел Марколини има четири фудбалери кои не играат во домашното првенство и тоа се: Зак Мускат (Фаренсе, Португалија), Џејмс Браун (Сент Џонсон, Шкотска), Теди Теума (Унион СЖ) и Џорди Феличе Џонс (Нотс Каунти, Англија).

Првите двајца се дефанзивци, Тетум игра во средниот ред, а Џонс е напаѓач. Македонија со Малта во минатото одиграла шест натпревари во кои имаме пет победи, една средба завршила нерешено.

СПИСОКОТ НА МАЛТА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Шпанија губи голем талент: Фудбалер на Реал доби покана од Мароко?

Фудбалерот на Реал Мадрид Tијагo Питарч би можел исто така да настапи за репрезентацијата …