Бразилскиот фудбалее Малком минатото лето пристигна во Барселона како засилување од Бордо, но оваа сеозна не се наигра.
Малком не доби премногу шанса за игра кај Ернесто Валверде, но во онаа мала прилика што ја имаше успеа да покаже дека се работи за талентиран фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот гол за Барселона овој играч го постигна во Лигата на шампионите против Интер (1:1) кога играше место повредениот Лионел Меси. Иако многу се шпекулираше дека на крајот ќе ја напушти Барселона, тој порача дека останува и дека верува дека може да се избори за поголема минутажа.
Секој гол за него е многу важен, но призна и дека оној против Интер ќе го памети засекогаш. Не само поради тоа што е негов дебитантски гол, туку и затоа што му аплаудирал Лионел Меси.
„Меси е еден од најдобрите играчи на сите времиња и во тоа нема сомневање. Имам прилика да тренирам со него и да гледам како вредно работи и навистина ме воодушеви. Не мојот мобилен телефон имам снимка од момоментот како ми аплаудира после голот против Интер. Тоа никогаш нема да го заборавам“, изјави Малком.
Инаку, ќе потсетиме Малком во Барселона пристигна во една голема драма откако имаше договорен трансфер во Рома, тој во последен момент ја смени одлуката и се одлучи место во Рим да лета за Каталонија.
O gol de Malcom após assistência de Philippe Coutinho: Inter de Milão 0x1 Barcelona pic.twitter.com/G3p98iziIT
— Goleada Info (@goleada_info) November 6, 2018