Вилмар Бариос е „анонимец“ за пошироката фудбалска јавност, но неговата приказна од трансфер периодот дефинитивно заслужува големо внимание.
Се уште ни се свежи сеќавањата од летната лудница која ја приредија Малком и Барселона, но ова можеби е нешто уште поневеројатно.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, Вилмар беше фудбалер на Бока, а во текот на овој преоден рок се поврзуваше со трансфер во Рома и Зенит. На крајот заврши во рускиот клуб.
Зенит за неговите услуги на Бока и плати 15 милиони евра веднаш и два ќе бидат исплатени како бонуси.
Она што е неверојатно е начинот на кој самиот фудбалер дознал за неговиот трансфер. Тој тргнал со екипата на гостување и воопшто не знаел дека Бока ја прифатила понудата за него.
Вилмар дури стигна и да се качи во автобусот за да отпатува на гостувањето, а кога влегол веројатно и тоа како бил изненаден – му кажале дека е продаден!
Така место на натпревар со Сан Мартин се упатил на аеродромот на лет за Русија.
Овој момент бил забележан и од страна на камерите.