Дома Фудбал Италија Мали се шансите Ибра да игра против Наполи

Мали се шансите Ибра да игра против Наполи

Златан Ибрахимовиќ прави се што е возможно за да биде спремен за дербито со Наполи во недела.

Шведскиот ветеран се уште тренира одделно од соиграчите, а иста е ситуацијата и со капитенот Алесио Ромањоли.

40-годишниот Ибрахимовиќ се повреди во јануари и се уште не е целосно опоравен, а утрово тренирал индивидуално во „Миланело“.

„Газета дело Спорт“ сепак тврди дека постојат мали шанси Ибра да биде спремен за дербито со Наполи, а тоа ќе биде јасно утре.

Ромањоли се повреди на дербито со Интер, но повредата не е сериозна и големи се шансите да биде повикан за мечот во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо на шпанскиот новинар: Ако зборуваш лошо за мене, само внимавај (ВИДЕО)

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, порача дека пред враќањето на Сантијаго Бернабеу, не…