Директорот на Милан, Паоло Малдини спрема два големи трансфери за следната сезона, пренесуваат италијанските медиуми.
Првото засилување треба да биде португалскиот репрезентативец, Ренато Санчез. 24-годишниот играч за врска ја „оживеа“ својата кариера во Лил и е мета на многу европски гиганти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси, па веќе започнал преговори со неговиот агент Жорге Мендеш.
„Росонерите“ се спремни да испратат понуда од 35 милиони евра за да го донесат Португалецот на „Сан Сиро“, притоа имаат одлични односи со Лил.
Второто засилување е ѕвездата на Ривер Плата, Јулијан Алварез. 21-годишниот напаѓач беше прв стрелец во аргентинското првенство и неколку клубови се силно заинтересирани.
Малдини го следи веќе подолго време и е спремен да ја плати откупната клаузула од 25 милиони евра, притоа да го остави на позајмица во Ривер Плата до јуни.
📰 MN: #ACMilan active on new signings front despite Maldini's words – River Plate and Lille stars targetedhttps://t.co/WSwBsJpLF2 #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) November 30, 2021