Легендарниот капитен на Милан, Паоло Малдини е рекордер во италијанскиот фудбал во многу категории.
Малдини одигра 24 сезони во првиот тим на италијанскиот клуб и имаше 647 настапи во Серија А, а е рекордер и во настапите на градското дерби „Дела Мадонина“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Непосредно пред утрешното дерби италијанските медиуми извадија интересен податок. Во моментов, цел тим на Милан вкупно има околу 50 настапи во градското дерби, а легендарниот Италијанец сам има настапено во дури 56 такви натпревари.
Потсетуваме, Малдини на последното градско дерби доби аплауз од навивачите на Интер, што е навистина голема реткост.