Дома Топ вести Малдини на состанок со Перез, тема Јовиќ и уште тројца „кралеви“

Малдини на состанок со Перез, тема Јовиќ и уште тројца „кралеви“

Шпанските медиуми пренесуваат дека директорот на Милан, Паоло Малдини започнал преговори со Реал Мадрид за неколку фудбалери.

Првично „росонерите“ преговараат со Реал Мадрид за продолжување на позајмицата на Брахим Дијаз, кој одигра добра сезона на „Сан Сиро“ и Милан сака да го задржи во своите редови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Малдини побарал информации од Перез и за уште неколку играчи на „кралскиот“ клуб кои не се во плановите на тренерот Анчелоти.

Првото име е Лука Јовиќ, кој се врати од позајмица во Ајнтрахт, но за него нема место на „Сантиаго Бернабеу“.

Слична е ситуацијата и со Дани Себаљос и Одриазола, кои се ставени на трансфер листа.

Милан сака да ги искористи добрите односи со Реал Мадрид, па покрај Брахим Дијаз можно е уште некој фудбалер на „кралскиот“ клуб да се пресели на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…