Дома Фудбал Останато Малдини категоричен против идејата за Мундијал на две години

Малдини категоричен против идејата за Мундијал на две години

Легендата на италијанскиот фудбал и директор на Милан, Паоло Малдини е против идејата на ФИФА за Светско првенство на секои две години.

Малдини се надева дека ФИФА ќе се откаже од таа идеја, бидејќи така Мундијалот ќе ја изгуби важноста.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Не мислам дека Светско првенство на секои две години е добра идеја. Тоа само ќе ја намали важноста на најважниот фудбалски турнир во светот и ќе стави крај на една традиција која трае со децении“, истакна Малдини.

„Како спортски човек се надевам ФИФА да го запре овој погрешен проект. За почеток, тоа ќе има негативно влијание врз физичкото и психичкото здравје на фудбалерите, како и врз иднината на националните првенства“, додаде Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ристовски се присети на трансферот во Динамо: Дадов збор на друг тим, но ми се јави Мамиќ… (Видео)

Македонскиот десен бек Стефан Ристовски (34) од летото е член на Сараево, каде што пристиг…