Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонската лига започнува со дерби – познати паровите за првото коло

Македонската лига започнува со дерби – познати паровите за првото коло

Фудбалската федерација на Македонија денес преку ждрепка ги одреди двојките за сезоната 2019/2020 во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот шампион Шкендија одбраната на титулата ќе ја започне со дерби на гостински терен кај Академија Пандев. Вардар ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров.

Дебитантот во Првата лига, Струга Трим Љум ќе го пречека Работнички, а Борец ќе му гостува на Шкупи.

Прво коло на ПМФЛ:
Ренова – Силекс
Струга – Работнички
Шкупи – Борец
Вардар – Македонија ЃП
Академија Пандев – Шкендија

Сезоната во ПМФЛ почнува на 11 август, а завршува на 17 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …