Дома Македонски спорт Македонија 2023-та ја завршува на истата позиција како и минатата година

Македонија 2023-та ја завршува на истата позиција како и минатата година

Светската фудбалска федерација – ФИФА ја објави и последната ранг листа за 2023 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Репрезентацијата на Македонија во овој последен месец од годината не играше натпревари, па така и не напредуваше во рангирањето.

Како и во ноември, останавме на 65-тата позиција. Токму оваа позиција е позицијата на која Македонија најчесто ја завршувала годината. Претходно тоа беше случај во 2009, 2020 и 2022 година.

Македонија следните натпревари ја очекуваат во март и во јуни и тие ќе бидат од пријателски карактер, а од септември ќе го стартуваме новото издание на Лигата на Нации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

За скандалозната прослава на Вардар се огласи и ФФМ – ќе биде отворена постапка!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изразува осуда за навредливото и недолично одне…