Македонската фудбалска репрезентација до 21 година вчера го одработи последниот официјален тренинг на националната арена „Тодор Проески” пред денешниот дуел со Шведска во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2025 година.
Во претходното коло, избраниците на селекторот Драги Канатларовски, на домашен терен издвојуваа победа над селекцијата на Гибралтар со 1:0. Шведската селекција во пријателски натпревар славеше убедлива победа со 6:1 над Кипар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За потсетување, во првото коло од овој квалификациски циклус, избраниците на селекторот Драги Канатларовски успеаа да го совладаат денешниот противник на гостински терен.
„На претходниот натпревар против Гибралтар очекувавме дека малку полесно ќе дојдеме до победата, но, факт е дека затаи и реализацијата. Место да дадеме гол повеќе, нам ни се случи и хендикеп што загубивме и тројца фудбалери, се повредија Диме Тодоровски и Берат Калкан, а Методи Максимов доби картони поради кои нема право на настап.
Јасно е дека сега не чека силната Шведска која сигурно ќе сака одмазда за претходниот пораз. Но, ние сме подготвени и сигурно и ние ќе се прашуваме за резултатот на овој натпревар. Мора да бидеме максимално фокусирани во текот на сите 90 минути и да знаеме што сакаме во секој момент од мечот ако сакаме успех“, изјави Канатларовски.
Натпреварот денеска се игра во истиот термин како и претходниот од 14:00 часот.