Утре Македонија ќе игра против Естонија во рамките од новата сезона во Лигата на Нации, овој натпревар македонската репрезентација нема да го игра пред празни трибини.
Имено на дуелот е дозволено да присуствуваат 1.400 навивачи. Според протоколите тие треба да бидат на социјална дистанца и да носат заштитни маски во текот на целиот натпревар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа ова важи само за домашни навивачи, нема да се дозволи влез на навивачите на македонски навивачи, бидејќи според протоколите на УЕФА гости не смее да има. Секој што би се појавил со обележје на Македонија на стадионот би бил вратен.
За овој натпревар Македонија ќе биде ослабена, за Талин не оптатуваа Тошевски, Бејтулаи и Адеми, Ристовски отпатува, но е под знак прашалник. Висар Муслиу е суспендиран поради црвениот картон против Грузија.