Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија со убедлив триумф го декласираше Лихтенштајн и го заокружи квалификацискиот циклус (Видео)

Македонија со убедлив триумф го декласираше Лихтенштајн и го заокружи квалификацискиот циклус (Видео)

Македонската репрезентација со убедлив триумф од 4:0 против Лихтенштајн ги заокружи квалификациите за СП во Русија.

Македонија вечерва во Струмица беше убедлива, па го демолираше аутсајдерот во групата.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Првиот погодок беше дело на дефанзивецот кој одигра фантастично во целиот циклус за македонскиот национален дрес, Висар Муслиу во 36. минута. Само две минути подоцна, Александар Трајковски ја зголеми предноста на 2:0, со која се замина и на пауза.

Ништо поразлично издание и во второто полувреме. Македонија доминираше, а вторите 45 минути беа дополнети со уште два погодоци. Еден на Барди по фантастичната асистенција на Трајковски и вториот дело на повратникот во македонскиот национален дрес, Аријан Адеми.

Она што не успеа Македонија да го направи, е да издвои позитивна гол разлика по 20 години во рамки на квалификациите. За потсетување, овие квалификации Македонија ги завршува на петтата позиција во групата, а нашиот денешен противник останува последен онака како што и стартуваше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Англичаните им ги одземаат пасоши на хулиганите

Околу 150 навивачи на Челси и Манчестер сити на кои им е забрането влегувањето на стадион …