Согласно потврдата која ја доби нашата федерација, натпреварот кој го играме на 14. август од 19 часот, ќе биде „отворен“ за фановите
Конечно, и публика на еден кошаркарски натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И тоа особено важен за нашиот сениорски национален тим. Согласно потврдата која ја доби нашата федерација, натпреварот кој го играме на 14.август (сабота) од 19. часот, против селекцијата на Словачка, ќе биде „отворен“ за сите љубители на кошарката.
Согласно добиените препораки на државните и здравствените авторитети во нашата држава, капацитетот на салата во СЦ„ Јане Сандански“, ќе биде ограничен на 30% од максималниот. Односно овој исклучително важен меч за нашиот најдобар состав ќе може да го проследат околу 2.000 македонски фанови.
Секако со стриктно почитување на официјалните здравствени протоколи кои важат на територијата на Македонија.
Секој присутен гледач во салата на СЦ „Јане Сандански“, ќе мора да има заштитна маска, да држи пропишано растојание помеѓу седиштата од каде ќе го следи натпреварот Македонија-Словачка.
Влезот за овој натпревар ќе биде слободен!
Фото: КФСМ