Македонската кошаркарска репрезентација е се подалеку од пласман на Европското првенство, после поразот од Унгарија на домашен терен.
Нашите најдобри кошаркари беа немоќни да ѝ се спротивстават на Унгарија, па го загубија натпреварот со 66-76, а со него и реалните шанси за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи в година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Играта на Македонија во првото полувреме може да добие преодна оценка, одбраната функционираше добро, нападот задволителен и оттука три поени предност по 20 минути игра.
Проблемите за тимот кој го предводи Драган Раца започнаа во вториот дел, цели пет минути не постигнаа кош, но ниту Унгарците во тој дел не функционираа најдодобро во нападот.
Последните четири минути од третиот период донесоа серија од десет поени најпрвин на Унгарците, а потоа и на Македонија, а гостинската репрезентација успеа на крајот да стигне до 48-48 во пресрет на решавачката четвртина.
Во последните десет минути играта на Македонија целосно се распадна, немаше никава идеа во нападот, Војдан Стојановски не можеше сам, додека на спротивната страна најдобриот играч Војвода доби поддршка од Ханга и Витман кои погодуваа кога требаше и на крајот и донесоа значајна победа на унгарската репрезентација.
Војдан Стојановски со 16 поени ја предводеше Македонија, додека Ромео Тревис забележа 12 поени и исто толку скокови. На спротивната страна доминираше натурализираниот Унгарец Војвода со 27 поени, Ханга уфрли 15, а Витман 11 поени.