Mакедонскиот стратег Емил Рајковиќ беше промовиран како нов тренер на осумкратниот европски шампион ЦСКА Москва.
Рајковиќ денес пред новинарите зборуваше за очекувањата во новиот тим, неговипт живот и тренерската кариера.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Чест и одговорност е да се биде тренер на ЦСКА Москва. За мене е ова е награда за се што сум постигнал досега ов кариерата. Сакам да кажам дека сум среќен што сум тука, иако не играме во Евролигата, очекувам возбудувања во ВТБ-лигата. Верувам дека го имам потребното искуство да и помогнам на ЦСКА“.
Најави и како ќе игра ЦСКА под негово водство.
„Главната цел ќе ни биде да играме агресивно во одбраната и со брзи напади. Мислам дека ќе биде интересно за навивачите, а секако е најважно да биде корисно за клубот и да има резултати“, изјави Рајковиќ.