Дома Фудбал Лига на шампиони Магична ноќ на „Енфилд“: Ливерпул направи „чудо“ и се пласира во финале (видео)

Магична ноќ на „Енфилд“: Ливерпул направи „чудо“ и се пласира во финале (видео)

Фудбалерите на Ливерпул го приредија еден од најголемите пресврти во поновата историја на Лигата на шампиони и се пласираа во финале.

После поразот од 3:0 на „Камп Ноу“ на момците на Клоп им беше потребно „чудо“, но успеаа да го направат „невозможното“ – ја победија Барселона со 4:0.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„Црвените“ од самиот старт веруваа и тргнаа фуриозно, па дојдоа до брзо водство уште во 6-та минута кога Ориги го матираше Тер Штеген. До крајот на првото полувреме Ливерпул напаѓаше, а Барса се закануваше преку контранапади, но мрежите мируваа.

Во второто полувреме за само пет минути Вајналдум постигна два гола и ја анулираше предноста на Барселона.

Во 79-та минута после еден „мудро“ изведен корнер Ориги остана сам, небранет од никого и го матираше Тер Штеген за 4:0, резултат кој го однесе Ливерпул во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анри без двоумење кажа кој мора да ја добие „Златната топка“

Како и сите други, и големиот Тиери Анри има свој фаворит за освојувањето на Златната топк…