Љубителите ширум светот го избраа најдобриот играч во Лигата на шампионите за изминатата недела.
Реал Мадрид остана без трофеј во шпанскиот куп, беа поразени од Леганес во ¼ финалето, сепак во Лигата на шампионите овој тим е сосема поинаква екипа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако не блескаа во групната фаза, како второпласирани од групата со Тотенхем за противник го добија богатиот Пари Сен Жермен, еден од најтешките ривали.
Сепак, Реал Мадрид одигра онака како што знае и предводени од Кристиано Роналдо ги елиминираа богатите „светци“. Роналдо оваа сезона постигна 12 погодоци во Лигата на шампионите.
Тој беше стрелец и во реваншот против ПСЖ каде што Реал славеше со 2:1, а Роналдо беше стрелец и избран за најдобар играч на неделата во ова натпреварување.
Во конкуренција на Роналдо беа уште Џејмс Милнер, Лирој Сане и Гонзало Игуаин.
? @Cristiano Ronaldo has won your vote for #UCL Player of the Week ??? pic.twitter.com/MN1g4PCjAf
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) March 9, 2018