Бекот на Манчестер Јунајтед Лук Шо зборуваше за играчите кои му било најтешко да ги запре.
И не, не станува збор за Лео Меси, Роналдо, Нејмар и Мбапе. За Лук Шо најтежок противник бил Виктор Мозес. Фудбалерот кој сега е во Интер на позајмица, бил вистинска ноќна мора за Шо.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лук играл во Саутемптон, а Мозес тогаш настапувал во дресот на Челси.
Нигеријскиот репрезентативец беше еден од најдобрите играчи на лондонскиот тим под водство на Антонио Конте во текот на сезоната 2016/17, кога Сините ја освоија ПЛ.
„Луѓето секогаш мислат дека се шегувам, но еден од моите најтешки натпревари беше дуелот против Виктор Мозес во времето кога играв во Саутемптон.“
„Беше вистински предизвик за мене – брз, моќен… Играв против играчи како Бејл, Меси, Азар и сите беа незгодни, но како најтежок противник и натаму го сметам Мозес.“ – изјави левиот бек на Црвените ѓаволи.