Дома Фудбал Англија Лук Шо е повреден, новото засилување конечно ќе дебитира за Јунајтед

Лук Шо е повреден, новото засилување конечно ќе дебитира за Јунајтед

Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо ќе ги пропушти следните два натпревари на својот тим поради потресот на мозокот што го доби за време на мечот на Англија против Шпанија.

23-годишниот Англичанец, кој одлично ја започна сезоната, веќе се врати во Манчестер, каде беше прегледан подетално од медицинскиот штаб на „црвените ѓаволи“.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Според „Мирор“, Шо сигурно отпаѓа за гостувањето кај Ватфорд во сабота, а најверојатно нема да биде во конкуренција и за дуелот од Лигата на Шампионите против Јанг Бојс.

Едно од новите засилувања на Жозе Мурињо, Диого Далот, сепак е подготвен да дебитира уште овој викенд, откако се опорави целосно од повредата на коленото поради која претрпе и операција. 19-годишниот Португалец, главно игра како десен бек, но може да одговори и на левата страна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Барселона добија одлична вест, Лапорта заврши голема работа!

Барселона веќе со години се бори со предизвици околу доведувањето и регистрацијата на нови…