Дома Фудбал Англија Лукас Моура и менаџерот на Вотфорд најдобри во Англија

Лукас Моура и менаџерот на Вотфорд најдобри во Англија

Крилниот напаѓач на Тотенхем, Лукас Моура беше избран за најдобар фудбалер во Премиер лигата за месец август.

26-годишиот Бразилец одлично ја отвори сезоната и постигна три гола во победите над Фулам, Њукас и Манчестер Јунајтед.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Многу сум среќен бидејќи знам дека не е лесно да се освои оваа награда. Долго го чекав овој момент, но треба да продолжам да работам со исто темпо“, изјави Лукас Моура.

Менаџерот на Вотфорд, Хавиер Гарсија очекувано беше избран за менаџер на месецот откако неговиот тим имаше фантастичен старт и запиша 4 победи во првите четири кола, па моменатлно е лидер на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Кардиф ќе го отвори ЕУРО 2028, финалето ќе биде на „Вембли“

Иако квалификациите сè уште не се започнати, веќе е познато дека отварањето на ЕУРО 2028 ќ…