Иднината на Ромелу Лукаку и понатаму е главна тема, бидејќи Белгиециот се уште не може да си најде нов клуб.
Челзи не смета на него и му порача да си најде нов клуб, а доказ за тоа е што напаѓачот тренира со младинците и нема никаков контакт со Покетино.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Лукаку првично одби да се приклучи на Ал Хилал, што ќе донесеше богатство за него и за клубот, а потоа го саботираше потенцијалното враќање во Интер, откако почна преговори со Јувентус.
Сега е без клуб, а последен клуб кој се вклучи во трката за неговиот потпис е Рома. Мурињо е во потрага по нов напаѓач, па откако пропадна трансферот на Запата сега се насочува кон Белгиецот.