Дома Трансфер зона Лукаку: Сакав само вo Интер затоа што Интер не е за секого

Лукаку: Сакав само вo Интер затоа што Интер не е за секого

Интер денес го потврди трансферот на Ромелу Лукаку.

Дека Лукаку ќе се пресели во Интер стана јасно уште вчера кога неговиот менаџер објави фотографија дека летаат кон Милан. Денес фудбалерот го комплетираше трансферот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Нероаѕурите“ за Лукаку на Манчестер Јунајтед му платија сума од 65 милиони евра, додека 13 милиони евра ќе бидат исплатени како бонуси кои се лесно достижни, па така трансферот може да достигне вредност и до 78 милиони евра.

Лукаку денес ја даде и првата изјава како фудбалер на Интер.

„Интер беше единствениот клуб во кој сакав да дојдам затоа што Интер не е за секого. Ќе направам се што треба за да ги вратам „нероаѕурите“ на врвот“, изјави Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…