Eкипата на Рома вчера одигра реми 1:1 во првиот натпревар од 1/16 финалето во Лигата на Европа против Феенорд.
Поразот против холандската екипа, Рома го избегна благодарение на голот кој го постигна Ромелу Лукаку во второто полувреме. Белгиецот откако ја погоди мрежата вниманието го привлече и со една необична прослава.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Лукаку гестикулираше „вперување пиштол во глава“, но и ја прекри устата. Пораката напаѓачот ја откри по натпреварот на социјалните мрежи.
„Стоп за геноцидот. Слободно Конго“, објави Лукаку на социјалните мрежи.