Дома Фудбал Италија Лукаку и го послевти голот на мајка му и го пофали Конте!

Лукаку и го послевти голот на мајка му и го пофали Конте!

Ромелу Лукаку продолжи со добрите партии во дресот на Интер и синоќа постигна гол во дербито против Милан, кој го прослави на карактеристичен начин.

Белгиецот ја бакна камерата, а после мечот не ги криеше емоциите и објасни дека тоа било поздрав до неговата мајка.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Кога пристигнав ова лето во Милано, ветив дека ќе и испратам порака на мојата мајка преку тв камерите. Бев многу среќен да постигнам гол во таа фаза од натпреварот, па решив да го исполнам ветувањето“, изјави Лукаку.

„Мојата врска со Конте е многу силна, бидејќи тоа е тренер кој навистина ми помага. На 26 години ми треба тренер кој помага секој ден и дава мотивација. Јас сум многу среќен што сум тука и работам со него. Не сакам да зборувам за титулата сега, само што почна првенството“, додаде Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим го коментира тимот на Јунајтед и особено истакна три имиња: Тие се пресудни

Рубен Аморим откри колку го почитува Матеус Куња, нарекувајќи го „маверик“ – играч к…