Дома Фудбал Англија Луис Хамилтон и Серена Вилијамс стануваат акционери во Челзи?

Луис Хамилтон и Серена Вилијамс стануваат акционери во Челзи?

Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, и славната тенисерка Серена Вилијамс ќе вложат десетици милиони фунти како помош за Мартин Брогтон да го купи фудбалскиот клуб Челзи, пренесува „Скај Спорт“.

Двајцата ќе инвестираат по 10 милиони фунти, а конзорциумот е предводен од поранешниот претседател на Ливерпул и Бритиш Ервејс, Мартин Брогтон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Челзи е во сопственост на рускиот милијардер Роман Абрамович од 2003 година, но британската влада му го одзеде откако во февруари започна руската воена инвазија на Украина. 

Вредноста на клубот се проценува на 2,5 милијарди, а секој што сака да учествува во наддавањето за него мора да гарантира инвестиција од најмалку една милијарда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(ВИДЕО) Најдобрите моменти на македонските фудбалери во 2025 година

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави компилација од најдобрите моменти за 202…