Mладиот Гави вчера стана најмладиот играч кој дебитирал во шпанската репрезентација и одигра фантастичен натпревар, после мечот селекторот Луис Енрике за него имаше само пофални зборови.
Гави дебитираше со 17 години и 62 дена и така го сруши рекордот уште од 1936 година кој го држеше Анхел Зибизарета. Енрике кој му даде шанса да испише историја по мечот не ги штедеше комплиментите.
Lazar KeskinovПред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Убеден бев во неговите квалитети. Го познавам одамна, ненормално беше тоа како одигра, беше уживање да се гледа. Има карактер и одлични физички предиспозиции“.
Lazar KeskinovОткри дека го чувал својот идол.
„Го познавам од младинските категории и добро знаев што може. Негова задача беше и да го чува Верати, неговиот идол и тоа го направи на извонреден начин. Верувам дека тој и сегашности и иднина на шпанската репрезентација“, изјави Луис Енрике.
Lazar KeskinovЌе потсетиме, Шпанија на гостински терен ја победи Италија со 1:2.