Тренерот на Барселона, Луис Енрике беше бесен после најлошото издание на неговиот тим оваа сезона и ремито против Реал Сосиедад.
Барселона одигра 1:1 против Сосиедад и сега заостанува зад Реал цели 6 бода, а Луис Енрике беше критичен и истакна дека неговиот тим не заслужил ни реми.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Многу е лесно да се анализира мечот со Сосиедад, просто бевме очајни и не можевме да направиме пет пасови. Кога би го гледал само резултатот веројатно тоа би било позитивна оцена. Тоа што мечот заврши 1:1 е вистинско чудо“, истакна Луис Енрике.
„Сосиедад одигра одлично, постојано не притискаше и не ни даваше голем простор за игра. Ова е најлошиот меч откако сум на клупата на Барселона и сметам дека не го заслуживме ни овој бод“ , заклучи стратегот на Каталонците.