Дома Фудбал Останато Луд финиш во Париз: Икарди во 95-та му донесе победа на ПСЖ🎥

Луд финиш во Париз: Икарди во 95-та му донесе победа на ПСЖ🎥

Пари Сент Жермен и Сент Етјен одиграа луд натпревар во Париз, а како победник излезе ПСЖ со гол во последната секунда (3:2).

Првото полувреме беше мирно и ништо не навестуваше дека ќе има „пеколна“ завршница.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


ПСЖ ја контролираше играта и создаваше шанси, се до 77-та минута кога Сент Етјен ги шокира „светците“ со голот на Денис Буанга. Само една минута подоцна Мбапе израмни на 1:1.

Во 88-та минута беше досуден пенал за ПСЖ и сигурен реализатор беше Мбапе, па се очекуваше тоа да биде конечен резултат кога судијата покажа 5 минути продолжение.

Сепак, во 92-та минута шок за парижаните, откако Хамоума погоди за 2:2. Буквално во последната секунда Икарди му донесе победа на ПСЖ од 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челси го договoри првиот трансфер за јануари… 2028 година

Челси го договори трансферот на еквадорското чудо од дете Дејнер Ордонез, кој официјално ќ…