
Maјкл Џордан е еден од ретките спортисти кој во кариерата успеа да заработи повеќе од милијарда долари.
Најдобриот кошаркар на сите времиња е „тежок“ 2.1 милијарди долари, па не му е проблем да одбива неверојатни понуди кои му доаѓаат од различни делови на светот.
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Неговиот агент Дејвид Фалк откри навистина неверојатни понуди кои ги одбил славниот кошаркар.
„Одби да се појави на турнир во голф во текот на предсезоната во Азија. Една жена даде понуда од седум милиони долари Џордан да биде дел од турнирот тој ден. Ја одби“.
Во една прилика одбил и 100 милиони долари за два часа.
„Пред три години му донесов договор од 100 милиони долари. Се што требаше е да се појави на два часа во програма за да ја потврди соработката. И тоа го одби“, раскажа Фалк.
Џордан на годишно ниво според информациите на „Форбс“ заработува повеќе од 120 милиони долари само од „Најк“, а покрај ова има и заработка од 15-тина милиони долари од други зделки.
Мајкл е сопственик на НБА клубот Шарлот, а во текот на играчките денови во Чикаго Булс често пати соработуваше со брендови како „Кока Кола“, „МекДоналдс“ и многу други.