Дома Фудбал Англија Лудо: Голманот на Манчестер Јунајтед во 24 часа ќе игра два натпревари на два различни континенти

Лудо: Голманот на Манчестер Јунајтед во 24 часа ќе игра два натпревари на два различни континенти

Чуварот на мрежата на Манчестер Јунајтед, Андре Онана ќе биде во тимот на „црвените ѓаволи“ за натпреварот со Тотенхем, а веднаш откако ќе заврши ќе замине за Брегот на Слоновата Коска за обврските кон својата репрезентација.

Против Тотенхем, Манчестер Јунајтед игра на 14-ти јануари во 17:30 часот, а Камерун против Гвинеја во 17:00 часот на 15-ти јануари во првото коло од Африканскиот куп на нации.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Така Онана само 24 часа по натпреварот за Јунајтед ќе брани на друг натпревар на различен контитент, останува да се види како голманот ќе го издржи тоа и колку ќе биде способен да биде на потребното ниво.

Јунајтед беше должен да го ослободи Онана на две недели пред почетокот на првенството, но сепак во договор со федерацијата и клубот, како и желбата на Онана тој остана со тимот до последниот момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најавен е еден од најголемите трансфери некогаш: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Барселона!

Шпанскиот новинар Сиро Лопез вечерва соопшти дека Реал Мадрид во летото 2027 година ќе трг…