Дома Фудбал Онана веќе позира со дресот на Трабзонспор

Онана веќе позира со дресот на Трабзонспор

Очекуваниот трансфер на Андре Онана во Трабзонспор е прашање на часови. Денеска голманот на Манчестер Јунајтед патува за Турција со чартер, додека Фабрицио Романо веќе сподели фотографии од него во авионот со дресот на неговиот нов тим.

Голманот ќе биде позајмен до крајот на сезоната, а договорот е возможен бидејќи пазарот во Турција сè уште е отворен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Онана има само еден натпревар за Јунајтед оваа сезона – при поразот од Гримсби во „Карабао Купот“. Во последните денови беше со националниот тим на Камерун за две светски квалификации и замина за Турција директно од Африка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Раздор во Реал: Мбапе сам против сите, еден човек го уништува во Мадрид

Вистински раздор наводно се случува во Реал Мадрид. Соблекувалната му го заврте грбот на К…